
За компанијата:
ЛЕОМАР ГРОУП доо е компанија чија основна дејност е увоз и продажба на женска и машка долна облека, пижами и костими за капење од брендот Bonatti, како и хулахопки и чорапи од брендот Fiore. Нашето... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот во Word)
ЛЕОМАР ГРОУП доо е една од најбрзорастечките компании за продажба на на женска и машка долна облека, пижами, костими за капење и хулахопки од брендовите Bonatti и Fiore. Нашето искуство и посветеност кон работата го насочуваме кон приближување на производите кон потрошувачите.
Во моментов нашата малопродажна мрежа има 5 продавници Bonatti-Fiore.
Поради зголемување на обемот на работење во нашите продавници, имаме потреба за:
МАГАЦИОНЕР – оператор со on line продавница
Вработениот ќе биде дел од прекрасна динамична работна атмосфера и опкружување, во кое секој има можност да го даде својот максимум.
Опис на работно место:
- Организација на магацинско работење
- Прецизно водење на материјална евиденција на стоки на залиха и нивно совесно и одговорно менаџирање.
- Координација на магацинското работење со малопродажните објекти
- Следење на ниво на оптимални залихи на производи
- Примање нарачки, нивно пакување, изготвување документација и дневна испорака на стока до сопствени продавници и до клиенти
- Посета на клиенти
- Менаџирање со on line продавница
- Претходно работно искуство со магацинско работење ќе се смета за предност
- Развиени продажни способности, комуникативност
- Иницијативност, тимско работење, лојалност, работа под притисок
- Возачка дозвола Б категорија;
- Солидно познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност.
Ние нудиме пријатна работна средина и солидна плата.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Своите апликации испратете ги на следниов e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »