
За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Workforce Human Resource e регионална компанија за човечки ресурси која работи во земјите на Адриатик регијата и има повеќе од 20 години искуство во HR индустријата, при што секојдневно поддржува над 500 клиенти и над 5.000 соработници.
ОГЛАС ЗА ВЛЕЗ ВО БАЗА НА КАНДИДАТИ
Нашата цел е да ги поврзeме вистинските кандидати со вистинските компании. Поради тоа, имаме потреба од редовно пополнување на нашата база на кандидати во следниве области:
Производство / Логистика
Продажба и маркетинг
Медицински претставници
Економија / Финансии
Администрација
Корисничка поддршка
Човечки ресурси
Право
Преведувачки услуги
ICT
Инженерски дејности
Останато
Доколку сакате да влезете во базата на кандидати за позиции кои би се отвориле во иднина, можете да го сторите тоа со испраќање на Вашата кратка биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] до 28 април 2020. Во вашата порака задолжително наведете ја областа за која сте заинтересирани. Нашите регрутери ќе ве контактираат кога ќе се отвори работно место кое е соодветно на вашите квалификации.
Со испраќање на Вашата биографија, се согласувате Вашите лични податоци да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од наша страна, согласно со Законот за лични податоци.
За повеќе информации слободно јавете се на 075-460-460 во периодот од (09-16) часот.
Останати огласи »