М6 обуката „Ерата на маркетинг ориентиран кон корисникот“ ќе се одржи на 22 и 23 декември, 2016 година во М6 Едукативниот центар
Идејата за ставање на корисникот на прво место не е нова, но брендовите треба постојано да барат свеж пристап за задоволување на променливите потреби на корисниците. Содржина генерирана од корисниците и емотивно раскажување приказни доаѓаат во прв план, додека брендовите фокусирани на корисниците продолжуваат да поставуваат предизвици и да го нарушуваат пазарот.
Брендовите се адаптираат и трансформираат, интерно и екстерно, за да станат сè повеќе ориентирани кон корисниците.
Без оглед дали се работи за содржината, внатрешната трансформација и вклучување на корисниците во приказната за брендот, ставање на корисникот на прво место е од витално значење за успешен маркетинг.
Овој пристап ориентиран кон корисниците доведе до појавата на големи трендови во маркетингот, вклучувајќи нарушување, емотивно раскажување приказни, содржина генерирана од корисниците и разновидност.
Фокусот на корисникот дискутабилно не е нов, но процесот постојано се менува, па не е само ветувањето на брендот она што треба да се земе предвид. Дигитални алатки им овозможуваат на маркетинг лицата да ги направат кампањите, производите и услугите порелевантни и навремени за корисниците, но пролиферацијата на оваа содржина значи дека постои висока побарувачка и за вниманието на корисникот.
Истражувањата покажуваат дека компаниите ориентирани кон корисниците се 60% попрофитабилни во споредба со компаниите кои не се фокусирани на корисникот.
Оваа работилница има за цел да го донесе овој концепт и неговата успешна примена поблиску до компаниите.
Кој треба да присуствува?
Менаџерите за маркетинг, бренд менаџерите, сопственици /менаџери на мали и средни претпријатија
Кои се вашите придобивки?
· Ќе се запознаете со суштината на темата на Маркетинг ориентиран кон корисникот како и со значењето и влијанието кое го има во денешното подготвување на деловни стратегии
· Ќе знаете да направите разлика помеѓу „ориентиран кон организацијата“ и „ориентиран кон корисникот“ од една страна, како и помеѓу приодите „ориентиран кон корисникот“ и „фокусиран кон корисникот“
· Ќе можете да научите како да ги откриете и надминете главните предизвици за да станете организација навистина ориентирана кон корисникот
· Ќе можете да ги сфатите и подобро да ги користите денешните трендови во маркетинг ориентиран кон корисниците.
Пријавување на следниот линк.
Ирена Јакимова е основачот, сертифициран тренер, коуч и бизнис консултант во Inspirit Coaching.
Таа има над 20 години професионално искуство во областа на маркетинг и комуникации. Во текот на нејзината професионална кариера таа работела за Idea Plus DDB, McCann Erickson, The Coca-Cola Company, Обединетите Нации и UNDP. Ирена има обемно искуство во различни индустрии (рекламирање, односи со јавноста, обука и консалтинг, производи за широка потрошувачка, финансии и осигурување, туризам и угостителство).
Г–а Јакимова има диплома по маркетинг. Таа исто така, има и MBA со почести за Општ менаџмент од Универзитетот Шефилд. Дополнително на нејзиното формално образование, таа е и сертифициран тренер за возрасни (Министерство за образование), NLP коуч, SDI фасилитатор, Мастер тренер за туризам и угостителство (SHL).