
За компанијата: Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како...
повеќе за компанијата »Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворени позиции за:
Помошник сметководител
Успешниот помошник сметководител треба и точно и навремено да врши евидентирање на сметководствените промени во согласност со интерните и законските регулативи. Како успешен член во Иуте тимот треба континуирано и тимски да придонесува за максимизирање на потенцијалот на компанијата.
Главни одговорности:
- Точно и навремено евидентирање на уплати и исплати од клиенти.
- Контрола и следење на трансакции од картично работење
- Проверка и контрола на дневни изводи од денарски и девизни сметки;
- Точно и навремено евидентирање на сметководствените промени во склад со интерни и законски регулативи.
- Водење благајна и обработка на патни налози.
- Подготовка на рекапитулари за исплата на соработници и договори на дело
- Проверка и контрола на книжење и контирање на дневни изводи од денарски и девизни сметки;
- Проверка на документација пред исплата на износи по одобрени кредити
- Усогласување и контрола на сите пописи на материјали, побарувања и обврски;
- Усогласување на состојби со коминтенти по потреба а најмалку еднаш годишно.
- Учествување во припрема периодични и финансиски извештаи за интерна и екстерна потреба.
- Усогласување на состојба – побарување и обврски.
- Изготвување прегледи на бруто состојби по поединечни конта;
- Усогласување со стварната состојба на крај на годината со пописот;
- Изготвување извештај за приходи и трошоци за продажба на услугите
- Обработка, архивирање и водење на евиденција за документацијата.
Потребно искуство и вештини:
- Универзитетска диплома
- Сертифициран сметководител
- Најмалку 3 години претходно искуство во финансии
- Организиран и фокусиран кон детали
- Напредни компјутерски вештини особено ексел
- Континуирано следење на финансиска политика, сметководство и даноци
- Познавање на финансиска регулатива во земјава и интернационалните финансиски и сметководствени стандари
- Искуство во управувањето со буџет, јавно сметководство и готовинскиот тек.
- Способност брзо да ги разбере новите проблеми и да донесува ефикасни одлуки кои ќе превенираат губиток на финансиски средства и оперативен и репутациски ризик.
- Способност за работа под притисок, планирање на личен обем на работа
- Тимски играч
- Познавање на англиски јазик
- Вештини за користење на– Microsoft Оffice
- Вештини за подготвување извештаи
Компанијата нуди:
- Атрактивна плата и бонуси
- Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
- Можност за стручни и едукативни обуки
- Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето
Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на [најави се за да го видиш е-маилот] , до 30ти Септември 2019
Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор.
Останати огласи »