ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ лого

Специјалист за оперативно работење

За компанијата: Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како... повеќе за компанијата »

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како лидери на финтек пазарот и пионери во дигиталната трансформација создаваме исклучително корисничко искуство. 

Нашиот тим се шири и во потрага сме на нов член кој ќе му се придружи на тимот за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава и приказната уште поуспешна. 

Специјалист за оперативно работење 

Главни одговорности:

  • Комуникација и соработка со надворешни партнери, вклучувајќи консултанти, агенции и понудувачи
  • Набавка на канцелариски и сите видови административни материјали (за седиштето и сите експозитури)
  • Одговорен/а за поштенски пратки и деловна коресподенција
  • Координaција на активности за тековно функционирање, одржување и поправки во сите работни простории
  • Активно делува во тимот за оперативна поддршка во сите оперативни активности на компанијата
  • Подготовка на редовни и периодични и други извештаи за тековното работење  
  • Редовна комуникација со надворешни компании за тековно полнење, празнење и одржување на банкомати

Вештини и способности:

  • Организиран и фокусиран кон детали
  • Тимски играч
  • Техничко познавање од областа на ИТ ќе се смета за предност
  • Способност за управување со оперативни и административни активности во финансиско работење
  • Способност за планирање на личен обем на работа
  • Способност за самостојно одлучување во согласност со секојдневните работни задачи

Потребни квалификации/искуство:

  • Универзитетска диплома од економски или технички факултет ќе се смета за предност
  • 1 година претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик
  • Напреден MS Office пакет

Зошто да работите во Иуте ? 

  • Компанијата нуди атрактивна плата и бонуси 
  • Како дел од мултинационална ФИНТЕК компанија IUTE Group AS ќе имате можност да ги запознаете најновите иновации во овој сегмент 
  • Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно 
  • Едноставна организациска структура 
  • Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух во рамки на експозитурата и компанијата во целост 
  • Континуирани обуки за развој  
  • Редовни интересни активности и бенефиции за вработените

Заинтересирани?

Доколку сте пријателски насочен, независен и професионален тимски играч, одлично ќе се вклопите во нашиот тим! Испратете ја Вашата биографија со назнака Специјалист за оперативно работење не подоцна од 06.05.2025 година.

Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »