
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај нашиот реномиран клиент од банкарскиот сектор, бараме :
Директор на Дирекција за правна поддршка на банкарски активности (М/Ж)
ЗАДАЧИ:
- Организација, координирање и следење на изработката на договорите и анексите склучени со клиенти-правни лица (корпоративни клиенти, мали и средни компании) врз основа на одлуки на надлежните кредитни одбори, како и дефинирање на унифицирани текстови на овие договори;
- Организација, водење и следење на процесот на обезбедување на побарувањата по основ на кредитни пласмани за клиенти-правни и физички лица, издавање на согласности и други документи поврзани со обезбедување на побарувања и бришење на залози;
- Координирање и контрола на работењето на надворешните лица-адвокати/адвокатски друштва вклучени во процесот на обезбедување на побарувањата;
- Давање на правни мислења (писмени и усни) за потребите на другите организациони делови во компанијата и надлежните кредитни одбори во делот на правната поддршка на банкарските активности и обезбедувањето на побарувањата;
- Изготвување на извештаи и анализи за целокупното работење на Дирекцијата и поединечните служби во рамки на истата, како и спроведување на евалуација на работењето на нотарите и адвокатите кои се вклучени во процесот на обезбедување на побарувања; и
- Проучување и следење на законските прописи и целокупната регулатива која се однесува на банкарските активности и обезбедувањето на побарувањата, судската пракса и во врска со тоа давање на предлози за превземање на дејствија за заштита на интересите на компанијата.
БАРАМЕ:
- Завршено ВСС-Правен факултет;
- Положен правосуден испит;
- Минимум 5 години работно искуство во соодветната област (правна поддршка при вршење на финансиски активности и обезбедување на побарувања) после полагање на правосуден испит;
- Високо ниво на професионална етика и интегритет;
- Способност за креирање на правни одбранбени или проактивни стратегии;
- Способност самостојно да идентификува и разрешува сложени правни проблеми;
- Способност за управување со тим и добри лидерски вештини;
- Докажани комуникациски вербални и пишани способности;
- Добри организациски вештини и способност за приоретизирање на задачите;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook).
НУДИМЕ:
- Можен почеток со работа: Веднаш
- Работно време: од 8.00-8.30 до 16.00-16.30 часот
- Годишен одмор: Согласно ЗРО и КД
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.
Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »