
За компанијата: Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како...
повеќе за компанијата »Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворени позиции за:
Специјалист за усогласеност со прописи
Успешниот Специјалист за усогласеност ќе биде одговорен за целокупното следење на постојните политики и процедури и за обезбедување упатства за менаџерите на одделенијата кога се потребни нови политики.
Главната функција ќе биде поддршка за покривање на локалните активности и барања, извештај за контрола, обезбедување на совети и поддршка каде што е потребно и соодветно, консултирање и поддршка на развојот и ажурирањето на политиката за усогласеност, помагање на раководството на соодветен начин кон локалните ризици поврзани со усогласеноста.
Главни одговорности:
- Спроведување и управување со ефективна програма за усогласеност и политиките на компанијата.
- Развива и одржува шаблони за усогласеност, листи за проверка, работни упатства итн
- Советување на раководството за усогласеноста на компанијата со законите и регулативите преку детални извештаи.
- Креирање и управување со ефективни акциони планови како одговор на откритијата за ревизија на усогласеноста.
- Редовно ревидирање на постапки, практики и документи на компанијата за да се идентификуваат можните слабости или ризик.
- Ревидирање на документи кои се презентираат пред клиентот за усогласеност со законските и регулаторните барања.
- Учество во креирање и ревидирање на кредитната документација.
- Учество во едуцирање на вработени за најновите регулативи и процеси.
- Помага во одговорот на регулаторните и правните истраги презентирани на компанијата
- Обезбедување на практични и навремени совети за внатрешните чинители за усогласеноста со политиките и релевантните правни и регулаторни барања за обласистите за усогласеност, вклучувајќи AML, CTF, KYC, CDD, заштита на податоците итн.
- Спроведување на други должности како што се назначени и сметани за потребни од претпоставените
Потребно искуство и вештини:
- Универзитетска диплома од правни или економски студии
- Најмалку 1 година претходно искуство во финансиска, консултантска или слична институција
- Познавање на локалното законодавство во однос на активностите на Иуте Кредит
- Широко познавање на стандардите за усогласеност како што се AML, CTF, санкции, заштита на интересите на клиентите итн
- Добро разбирање на понудените услуги, производи и процеси на финансиската индустрија и поврзаните области на ризик, особено на финансиските и регулаторните
- Силни интерперсонални вештини, интегритет, етичко однесување, аналитички и истражувачки вештини, вештини за изготвување извештаи, критичко размислување
- Критичко размислување ориентирано кон ризици, донесување одлуки кои одговараат на нивото на позицијата, способност за дефинирање на проблеми, толкување на податоци и проценка на опциите за различни сложени случаи.
- Способност за комуницирање, изготвување извештаи, и способност директно да работат со менаџментот и регулаторите.
- Сертификати или обуки за ориентација на усогласеност се смета за плус;
- Мултитаскинг, способност за одредување приоритети;
- Познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на пакетот– Microsoft Оffice
Компанијата нуди:
- Атрактивна плата и бонуси
- Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
- Можност за стручни и едукативни обуки
- Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето
Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на [најави се за да го видиш е-маилот] , до 10ти април 2019
Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор.
Останати огласи »