Голем дел од истражувањата велат дека луѓето кои се успешни во која било сфера од животот, тоа го постигнале во голем дел и со својата комуникација.
Ова нека е причина да ги усовршите главните фактори во напредната, влијателна и харизматична комуникација (еден-на-еден, групна динамика, други прилики, било да се од сферата на професионален ангажман, љубовни врски и пријателства, семејни односи или запознавање нови луѓе).
Научете како вашите идеи да бидат полесно прифаќани, вашата комуникација да има влијание и да предизвика дејство.
Дознајте и затворете ги „слабите точки“ во вашата комуникација, испраќајте попрецизни и појасни пораки.
Научете да ги „читате“ луѓето: Распознајте ги различните типови и состојби на личностите и како да комуницирате со секој од нив. Проектирајте самоуверен личен и професионален имиџ во која било професија, а особено во професиите кои бараат работа со луѓе!
Овозможете си повеќе задоволство во работата и поголемо чувство на реализираност на секое поле.
ИНСПИРИТ повторно ја организира применливата и моќна обука за комуникација, во која што, со тројца врвни и искусни тренери и коучеви, имате можност да го добиете следното:
- Усовршување на процесот и вештините на комуникација во приватни и деловни ситуации;
-
- Уникатна комбинација од пристапи како емоционална интелигенција, невро-биологија и лингвистика (НЛП) (https://en.wikipedia.org/wiki/Neuro-linguistic_programming),
- Personal Strengths (www.personalstrengths.mk).
• По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат способни:
А) да го разбираат целиот процес на комуникација (еден-на-еден, групно)
Б) да ги препознаваат своите внатрешни состојби, шеми/програми на размислување, вредносниот систем што ги мотивира, како и вредностите и програмите на размислување на соговорникот
В) да ги применуваат зборовите и говорот на телото на најсоодветен начин за ефективна комуникација
Г) да ги препознаваат нијансите во реакциите на соговорникот и соодветно на тоа да ја модифицираат својата комуникација, со цел постигнување на своjaта намера и почитување на другата страна
Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.
Секој учесник добива:
- работни материјали,
- сертификат за учество,
- меѓународен личен профил по Personal Strengths, со упатства за примена.
Групата е ограничена на 12 учесници.
Котизација: 5900 ден. + ДДВ
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2
(позади Симпо на ул. Партизанска)
Пријавување на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ана Јорданоска: 070/ 944 179.
Пријавувањето е до 10.02.2017 заради пополнување и обработка на меѓународниот личен профил.