
За компанијата:
ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА
КАМ Доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет... повеќе за компанијата »
КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
АСИСТЕНТИ СО ССС
Работните задачи се од следниот делокруг на работење:
- Експанзија
- Опрема и градба
- Централни набавки
- Кабинет
- Логистика
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование од економска или сродна струка
- Изразени преговарачки и аналитички вештини
- Истакнати комуникациски способности и сигурен настап
- Високо развиени организациски вештини
- Волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
- Пожелно е познавање на англиски јазик
- Пожелно претходно административно работно искуство
Ние Ви нудиме
- Минимална загарантирана основна нето плата од 19.373 денари, дополнително се исплаќа личен бонус кој зависи од демонстрираните вештини и успешност во извршувањето на работните задачи.
- Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
- Слободен ден за роденден,
- Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
- Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
- Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
- Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.com.mk
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет страница
web: www.kam.com.mk
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
Слични огласи »