
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Опис на работната позиција
- Изработка на нацрт финансиски извештаи и нивна споредба со годишна сметка и годишен извештај од работењето
- Анализа на главна книга и бруто биланс, и споредба со финансиски извештаи
- Прегледува материјална и финансиска документација со изработка на работни документи
- Анализа, контрола и евиденција на обврски и побарувања на друштвото,
- Следење на трансакциите на компанијата и работи на назначени проекти,
- Дефинирање, пресметување, начин на толкување и значење на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиска анализа;
- Изработка и анализа на паричен тек,
- Изготвува пресметка на финансиски показатели,
- Изработува конфирмации и работен преглед на побарувања и обврски
- Пополнува анкетни листови од програмата за финансиски извештаи
- Ги следи и проучува прописите од областа на финансиско-сметководственото работење
- Посетува обуки од делокругот на своето работење
- Врши и други работи во согласност со своите компетенции и потребите на Друштвото
Квалификации
- Висока стручна спрема – ВСС, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија сл.),
- Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Одлично познавање деловен англиски јазик;
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансиите, со предност како финансиски аналитичар;
- Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим .
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економски науки
- Лиценца за Овластен сметководител
- 3 години работно искуство
- Искуство во материјално – финансово сметководство
- Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel
- Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи
МАТЕРИЈАЛЕН КНИГОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економски науки
- 3 години работно искуство
- Искуство во материјално – финансово сметководство
- Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel
- Познавање на соодветната македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди
- Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака на позицијата која се бара на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »