Парти Сервис Лео ДООЕЛ лого

Асистент за продажба во слаткара

За компанијата:

Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

                                                          Асистент за продажба во слаткара

                                                                     (4 позиции, Скопје)

Профил на кандидатот:

  • Развиени продажно комуникациски вештини
  • Работно искуство со работа на каса
  • Високо развиена свест за лична хигиена
  • Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи
  • Самоиницијативност
  • Завршено минимум средно образование

Опис на работни обврски и одговорности:

  • Врши директна продажба на производи од слаткарскиот асортиман согласно дадените упатства за работа
  • Со примена на продажни вештини, врши презентирање на производи и тековни акции
  • Спроведува одговорна, професионална и проактивна комуникација со  купувачите
  • Врши организирање на продажниот дел и соодветно изложување на слатките
  • Ги почитува правилата и процедурите за работа
  • Се грижи за  хигиената во киоскот и ги почитува HACCP стандардите за безбедност и квалитет

На кандидатот му нудиме:

  • Работа во пријатна и динамична работна средина
  • Можност за професионален развој
  • Подарок за роденден
  • Организирана исхрана и платен превоз
  • Работно место во К-Мол, две смени
  • Колективно осигурување 24/7

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “Асистент за продажба во слаткара”

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »