ОБУКА ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ – ТРЕНДОВИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2017
  • ПРОМО
  • Активен до 02.02.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

ОБУКА ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ – ТРЕНДОВИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ во соработка со Ернст и Јанг Услуги (EY)
организираaт:

“ОБУКА ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ – ТРЕНДОВИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ“

2 февруари (четврток) 2017 година, 10:00-16:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Цел на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичности од областа на трансферни цени. Генералниот концепт инкорпориран во Законот за данок на добивка е дека трансакциите помеѓу поврзани страни треба да бидат извршени по пазарни цени. Темата за трансферни цени станува се повеќе и повеќе контроверзна како владите на земјите низ целиот свет се обидуваат да се справат со даночната евазија и трансферирање на добивката во различни јурисдикции. Семинарот ќе ги опфати методите за утврдување на трансферните цени, посебните барања утврдени во меѓународните даночни закони и предизвиците со кои компаниите се соочуваат при примена на правилата за трансакции помеѓу поврзани страни. Исто така, на семинарот ќе бидат презентирани и најновите барања кои меѓународните групации треба да ги исполнат согласно акциониот план “BEPS” на ОЕЦД и неговото влијание врз домашните компании кои се дел од меѓународна групација.

Содржина на обуката:

  • Вовед во трансферните цени
  • Меѓународни договори за избегнување на двојно оданочување
  • Примена на правилата за утврдување на трансферни цени во контекст на домашното законодавство
  • Методи за утврдување на трансферни цени
  • Преглед на потребна документација 
  • Трансферни цени и прекугранично преместени работници
  • Македонска перспектива - предизвици и трендови
  • ДДВ аспект, царински и ценовен аспект на трансакциите помеѓу поврзани страни
  • Осврт на “BEPS” акциониот план

Предавачи:

Виктор Митев - сениор менаџер во EY Софија, специјализиран за меѓународно даночно структурирање и трансферни цени; ACCA член; комплетирање на магистерски студии по Меѓународно даночно право при Економскиот Универзитет во Виена. 
Невена Ковачева – лидер на праксата на EY Македонија, Бугарија, Албанија и Косово за советодавни даночни услуги врзани за физички лица.
Душко Стевчески - сениор консултант во EY Македонија, широко познавање за меѓународно оданочување, Универзитетска диплома по Економија.
        
За кого е наменета обуката:
Раководни лица, Финансиски менаџери, Раководители на сметководство во компании кои се дел од меѓународни претпријатија или домашни групации на правни лица.

Сите учесници на обуката ќе добијат: 

  • Работен материјал
  • Кафе и освежување
  • Закуска
  • Сертификат за учество на обуката.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 31 јануари, 2017 година.

Цената за еден учесник изнесува 6.000 денари, плус  ДДВ. За секој нареден учесник од иста компанија котизацијата изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со: 
м-р Бојана Делидинкова, тел. 02 3128 526,м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 525, e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »