
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма – М ДООЕЛ
Качанички пат бр.65а, Скопје
www.alma-m.mk
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
објавува ОГЛАС за следната работна позиција:
Супервизор на магацин - за излез на роба
Датум на објава:
4 Ноември 2021
Рок за пријавување до
11 Ноември 2021
Број на оглас:
О-211104-ЛМ-СМ
Сектор:
Логистика
Локација:
Скопје
Работни задачи:
- Утврдува распоред на работа на вработени во магацин и предлага мерки за поефикасно функционирање,
- Се грижи за безбедност на роба и опрема во магацин и известува на неделно ниво за истото,
- На дневно ниво се грижи за температура и хигиена во магацин и комбиња за достава,
- Секојдневно примопредавање на документација за магацинско работење,
- Дневно известува за разлики во сложување на магацинско и материјално работење,
- Евиденција и анализа на работно време, учинок и поплаки од тимот,
- Секојдневно контролира и известува за: хигиена во магацин, пикирани нарачки и грешки направени при пикирање, и презема акција за поправање на грешки,
- други работи по налог на претпоставениот.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност,
- Професионално однесување и организираност,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
Потребно искуство:
- минимум 1 година работа во магацин.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 06.00 до 14.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »