
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Фруктал Мак а.д. Скопје- фабрика за преработка на овошје и производство на квалитетни овошните сокови, нектари и пијалоци изработени без конзерванси, отвара можност за вработување. За нивните потреби, Декра ја огласува следната позиција:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Ракува и управува со опремата за полнење на сокови, дување шишиња и опремата за преработка на овошје;
- Го изведува чистењето и стерилизацијата на опремата и нејзината околина;
- Ја одржува хигиената на линиите и работниот простор и личната хигиена;
- Извршува редовно и вонредно сервисирање на производните линии;
- Води посебна грижа за квалитетот на производство и економичноста во работењето, во согласност барањата на припремената техничко технолошка документација;
- Директно е одговорен за спроведувањето на посебните услови за контрола пропишани за оваа работна позиција во документацијата и стерилноста на производот;
- Се придржува кон мерките за HTZ и PPZ.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум завршено средно образование (машинска, електро, хемиска или прехрамбена насока);
- Пожелно претходно работно искуство во прехрамбена индустрија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Одговорно следење на компаниските правила и процедури;
- Посветеност, лојалност и ориентираност кон остваруање резултати.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Клиентот нуди можност за континуирани обуки и тренинг, како и можност за работа на машини со различни автоматизации.
Работното време е 8 часа, во 3 смени.
Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 06/02/2020
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.
Слични огласи »