ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Деловен асистент на Управен одбор
- Ја координира работата на Претседателот на Управен Одбор и Членовите на Управен одбор, преку давање на релевантни информации, водење на дневник на состаноци и сл.;
- Управува со протокот на информации на навремен и прецизен начин;
- Управува со агенда на Управен одбор на Друштвото, договара и организира состаноци;
- Организира деловни патувања што вклучува организација на патување и сместување;
- Води записник на состаноци и изготвува краток извештај за истите, по барање на член на Управен одбор;
- Организира службени патувања за вработените по налог на Претседателот на Управен Одбор и Членовите на Управен одбор;
- Ги пречекува посетителите и ги врши општите асистентски работи;
- Комуницира со клиентите, соработниците и вработените;
- Одговара на телефонските повици и воспоставува контакти со Претседателот на Управен Одбор и Членовите на Управен одбор;
- Врши и други работи по барање на претпоставени.
Потребни квалификации и карактеристики:
Универзитетска диплома од општи науки;
Задолжително познавање на македонски јазик, познавање на турски јазик ќе се смета за предност;
Добро планирање и добра организација;
Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
Способност да учи и да се надоградува;
Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Деловен асистент на Управен одбор”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.