(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување
на Кредитен аналитичар во Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Универзитетска диплома во банкарство/финансии или други сродни области
- Најмалку 1 (една) година работно искуство ќе се цени како предност
- Одлично познавање на MS Office
- Добро познавање на англискиот јазик
- Добри организациски вештини
- Високо ниво на комуникациски вештини
- Добри преговарачки вештини
- Исполнување на дневната агенда и почитување на рокови
- Флексибилност
Дел од работните задачи на кредитниот аналитичар во Служба за управување со ризици се следните:
- Постапува по кредитните апликации и останатите барања што ги доставуваат клиентите (физички лица, како што е дефинирано со внатрешните акти на банката), ги оценува кредитните барања, подготвува предлози до кредитната комисија и дава кредитни мислења / препораки;
- Учествува во спроведување на интерните процеси поврзни со управувањето со кредитниот ризик;
- Учествува во подготовката на редовните извештаи од својот делокруг на активности;
- Извршува задолженија зададени од одговорното лице во службата;
- Останати активности од доменот на управувањето со ризиците.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици” најдоцна до 31.07.2022 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]