ДЕЛТА БЕТ лого

МЕНАЏЕР ЗА УГОСТИТЕЛСТВО

  • Објавен на 10.2017
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 12.11.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155

Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 800 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 340 вработени и има 84 подружници.

 

За работа на територијата на Град Скопје, потребен е

 

        МЕНАЏЕР ЗА УГОСТИТЕЛСТВО

 

Основни должности:

  • Учество во воспоставување на стратегија за контрола на процесот на работа во областа угостителство,
  • Анализа на работењето на секој шанк во рамките на системот и константна работа на зголемување на профитабилноста,
  • Активно работи на зголемување на бројот на шанкови во системот,
  • Учество во воспоставување на стратегија за развој на мрежата на шанкови како и секој шанк поединечно,
  • Контрола на процесот на набавка на производи и опрема за шанкови, воспоставување стратегијата за определување и контрола на нивоата на залихи на производи,
  • Активно учество во осмислувањето на маркетинг акции, со цел подобрување на продажбата,
  • Учествува во донесувањето на стратегијата за одредување на асортиманот на производи,
  • Контактира со надворешни соработници и за тоа го известува раководството,
  • Прегововара со стратешки партнери,
  • Учество во  утврдување на  цената на производите, како и принципот и стратегијата на одредување на цени,
  • Врши контрола и заверка на плаќања на производи и услуги за угостителство,
  • Учество во отварање-затворање и преселување на Уплатни места од својот домен,
  • Ја прати и контролира примената на дефинираните процедурите од својата област, предложува промени на постојните или изработка на нови,
  • Дефинирање на ризикот од работењето во својот домен, определување на превентивни мерки, анализа и следење на нивната примена,
  • Следење на законските регулативи во својата област,
  • Ги изработува сите потребни извештаи од својот домен.

 

Услови:

  • Минимум VI степен стручна спрема, економски или туристичко – угостителски смер,
  • Минимум 3 годишно работно искуство во областа,
  • Познавање на правната регулатива и законите од областа,
  • Познавање на основите на финансиите (буџетирање, анализа на резултати) и разбирање на потребите на корисниците на услугите,
  • Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот,
  • Познавање на англиски и српски јазик,
  • Способност за организирање и планирање,
  • Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуниклација (писмени и усмени),
  • Изразени вештини на раководење,
  • Преговарање и договарање.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 12.11.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »