АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт Скопје лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)

За компанијата:

Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за... повеќе за компанијата »

Активни огласи од АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт Скопје:

Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)

Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)

Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршен Фармацевтски факултет;
  • Завршена специјализација по испитување и контрола на лекови или фармацевтска технологија;
  • Искуство во фармацевтска индустрија најмалку две години;
  • Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;

Работни задачи:

  • Обезбедува следење и непречено работење на производството и контролата на секоја серија произведен лек во согласност со законската регулатива и подзаконските акти кои се донесени за лековите, како и во согласност со барањата за добивање на одобрение за ставање на лек во промет;
  • Обезбедува следење на производството  на секоја серија лек спроведена во согласност со препораките на Добра производна пракса.
  • Потврда за квалитетот на производот во потполност усогласен со барањата од Спецификациите и Одобрението за ставање на лек во промет;
  • Квалификуваното лице одговорно за ставање на серија на лек во промет, гарантира дека прегледот на квалитетот на производот е согласно законските стандарди, барањата на добра производна пракса и спецификациите за квалитет;
  • Го следи процесот на работа и усогласеноста на истиот со останатите сектори.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »