Code Academy бара HR Manager што ќе се залага формирање партнерства со ИТ компании, посредување на пракса за студентите кои успешно ја завршиле програмата, како и наоѓање на квалитетен кадар за проширување на нашиот тим.
Идеалниот кандидат треба да ги исполнува следниве критериуми:
1. Да има барем една година корпоративно искуство во HR секторот.
2. Да има солидно познавање како функционираат ИТ компании и нивниот процес на регрутирање.
3. Да има силни комуникативни вештини и самодоверба.
4. Да работи организирано, со цел да ги заврши успешно поставените цели дадени од раководството.
Сите заинтересирани кандидати кои сакаат да бидат дел од еден од најбрзорастечките компании во Македонија можат да испратат свое резуме на [најави се за да го видиш е-маилот] со subject HR Rockstar :)