
За компанијата: Грин Машинс е македонска компанија со производен погон во Велес, која произведува возила за одржување урбана хигиена на електричен, водороден и класичен погон.
Во 2020 станавме прва компанија во светот...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од:
1. Контролор на финален производ – возила за чистење на улици
Работни задачи:
- Процесна и финална контрола на квалитет (погон за производство на возила за чистење GREEN MACHINE);
- Учество во подготовка на соодветна документација за организирање на контрола на производите;
- Примена на соодветна документација за евидентирање на спроведената контрола;
- Активно учество во процесот на решавање на проблеми;
- Имплементација на барањата на системот за управување со квалитет поврзани со функцијата, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот.
Потребно Образование, Вештини и Способности:
- Минимум средно образование;
- Минимум 1 година работно искуство, а кандидатите кои имаат работно искуство во монтажа или во контрола на квалитет на делови за автомобилската индустрија ќе имаат предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со MS Office;
- Способност за подготовка на контролна документација и имплементација на контролни процедури и документирање на постигнатото;
2. Контролор за влезна контрола на квалитет
Работни задачи:
- Влезна контрола на квалитет на суровини и материјали
- Подготовка на соодветна документација за евидентирање на спроведената контрола
- Активно учество во процесот на справување со рекламации до клиенти за проблеми утврдени при влезна контрола
- Имплементација на барањата на системот за управување со квалитет поврзани со работната позиција, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот
Потребно Образование, Вештини и Способности:
- Минимум средно образование;
- Минимум 1 година работно искуство, а кандидатите кои имаат работно искуство во контрола на квалитет ќе имаат предност;
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со MS Office
Што нуди работното место:
Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на БРАКО, добар социјален пакет, продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот.
Сите заинтересирани да испратат CV на следната електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со наведена позиција за која аплицираат.
Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе се изберат за на интервју.
Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.
Останати огласи »