
ЕМБС: 5789885
Индустрија: Трговија
Адреса: Раштански пат бр.2
Град: Велес
Грин Машинс е македонска компанија со производен погон во Велес, која произведува возила за одржување урбана хигиена на електричен, водороден и класичен погон.
Во 2020 станавме прва компанија во светот која произведе возило за одржување на хигиена на водороден погон и тоа е показател во кој правец ја гледаме енергетската иднина на светот – кон чисти и незагадувачки технологии.
Возилата се продаваат преку наши сопствени фирми-ќерки отворени во САД, Обединетото Кралство, Холандија и во Германија.
Машините на Грин Машинс произведени во Велес, ги чистат Лондон, Париз, Њујорк, Вашингтон, Рим, Амстердам, Копенхаген, Женева, Истанбул, Буенос Аирес, Јоханесбург, Сиднеј и многу други светски центри и метрополи во повеќе од 60 држави низ целиот свет.Грин Машинс е во сопственост на компанијата БРАКО-Велес.
БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија.
Во БРАКО функционираат 4 производствени погони : високотехнолошки
Моментално нема активни огласи.