
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Ние во Алма-М веќе 28 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
По повод проширувањето на бизнисот со нова дивизија, бараме нови колеги кои ќе добијат можност за кариерен развој во Алма-М, со вештини и квалификации наведени подоле во огласот.
Алма-М објавува ОГЛАС за следните работни
Позиции: РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА
Датум на објава: 24 Септември 2019
Рок за пријавување до: 30 Септември 2019
Број на оглас: О-ХМ-РМП-190923-7
Сектор: Продажба
Локација / Регион: Цела Македонија
Супервизор: Менаџер за продажба
Работни задачи:
- Коoрдинира и извршува продажба, дистрибуција, м’рчндајзинг и наплата,
- Координира тим на Агенти за продажба и унапредувачи за продажба,
- Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво,
- Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,
- Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
- Подготовка на месечен/неделен рутинг план,
- Блиска комуникација со менаџмент тим,
- Проверки во продавници и нивно евидентирање и известување,
- Преговара и потпишува годишни договори со клучни купувачи,
- Контролира задолжена роба, средства за работа и прави попис кај секој Агент за продажба најмалку еднаш месечно,
- Спроведува тренинзи со секој Агент за продажба од тимот со кој раководи,
- Изготвува извештаи за продажба и анализа на пазар,
- Разгледува и конфирмира неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува неделни состаноци,
- други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување
- Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Позитивен однос кон промени
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)
- Поседување возачка дозвола Б – категорија
- Познавање на назначениот регион
- Познавање на англиски јазик
Потребно искуство:
- Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција во менаџмент или најмалку 5 години искуство во директна продажба на терен.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »