БАХАШ КОНСТРАКШН ДООЕЛ Скопје лого

Административен работник

Плата од 45.000 ден. до 60.000 ден.

За компанијата: Градежна компанија специјализирана за изградба на станбени објекти и комплексни проекти од областа на високоградбата. Компанијата моментално реализира проект – комплекс од 72 типски семејни куќи во населба... повеќе за компанијата »

Градежна компанија која реализира станбен проект – комплекс од 72 типски куќи во населба Бардовци, има потреба од Административен работник.

Опис на работни задачи:

  • Водење и архивирање на документација
  • Подготовка на договори, понуди и службена кореспонденција
  • Комуникација со клиенти, институции и деловни партнери
  • Организација на состаноци и административна поддршка на менаџментот
  • Следење на рокови и административни процедури поврзани со проектот

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Познавање на MS Office (Word, Excel)
  • Организираност, одговорност и прецизност во работа
  • Добри комуникациски способности и тимска ориентираност
  • Познавање англиски јазик ќе се смета за предност, но не е задолжително
  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност, но не е задолжително
  • Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност

Нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија
  • Професионална и динамична работна средина
  • Можност за напредок и професионален развој
  • Конкурентни примања

Заинтересираните кандидати може да достават CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок за аплицирање: 20.03.2026

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »