Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, во секторот Набавки има потреба од:
ПРАКТИКАНТ
Главни одговорности:
- Ажурирање на системот
- Подготовка на извештаи и правење анализи
- Координација со интерните сектори во компанијата во поглед на набавките
- Комуникација со добавувачи
Потребни квалификации:
- Високо образование – Економист, Машински инженер или сродна област – дипломиран/а или во завршна фаза на студии
- Да не е во работен однос
- Возраст – до 34 години
- Познавање на Англиски Јазик
- Познавање на Microsoft Office (Word, Excel)
Нудиме:
- Платен надоместок согласно Закон за практикантство
- Обезбеден оброк со избор од понудено мени
- Менторирање и можност за стекнување искуство во интернационална бизнис средина
- Работа со најсовремени системи и дигитални алатки
- Можност за вработување по успешно завршување на праксата
Времетраење на практикантството: 6 месеци
Работно време: 8 часа дневно од 08:00 до 16:00 (понеделник до петок)
Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.