
За компанијата: Hello Post - најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Hello Post нуди достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија...
повеќе за компанијата »Најголемата специјализирана компанија за достава во Македонија, објавува оглас за следната работна позиција во Штип:
ДОСТАВУВАЧ за реон Штип
Квалификации:
- Минимум средно образование
- Солидно познавање на градот и околните места
- Искуство со теренска работа
- Возачка дозвола Б категорија
- Искуство со користење на мобилен уред
- Искуство со работа на компјутер
- Искуство со работа со фискален уред
Опис на работни задачи:
- Достава на пратки на терен, со користење на службено возило, службен велосипед или мопед и достава на поштенски пратки пеш.
- Активно пребарување на теренот во врска со дополнителните информации и податоци за адресите и известување за истите со пополнување на извештаи и останати потврди за извршена достава
- Преглед на извештаите на дневна база
- Активна поддршка на тимот во дадениот реон
- Грижа за опремата за работа
- Предавање и примање на поштенските пратки, писма и пакети
- Одржување и архивирање на документација
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV) преку полето АПЛИЦИРАЈ, со назнака „ Достава Штип” во насловот на пораката.
Напомена:
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
- Потребно е кандидатот да е со место на живеење за реонот за кој аплицира.
Останати огласи »