
Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е една од водечките компании во североисточниот регион на Република Северна Македонија. Работи успешно, гарантира долгорочна стабилност. ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е општествено одговорна коомпанија која се грижи за чиста и безбедна работна средина според европски стандарди (ISO 14001, ISO 9001). ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип поради зголемување на производствениот капацитет, има потреба од проширување на својот тим и распишува оглас на следниве работни позиции
РАКОВОДИТЕЛ НА ИНВЕСТИЦИИ
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
-
учествува во планирањето на инвестициите во компанијата
-
ја проучува, собира и уредува инвестициската документација за поединечни програми и проекти
-
ја управува и организира работата на поединечни инвестициски проекти и врши надзор врз инвестициите
-
соработува со надворешни изведувачи и инвеститори и ја координира работата помеѓу надворешни и внатрешни изведувачи на инвестициски работи
-
спроведува мерки во случај на отстапувања од планот и го известува менаџментот за напредокот на инвестицијата
-
составува извештаи и води пропишана документација и евиденција
КВАЛИФИКАЦИИ:
-
ВСС - VII или VI степен од техничка или организациска област
-
Одлично познавање на англиски јазик и MS Office пакет
-
Организациски и управувачки вештини, комуникациски вештини и способност за работа во тим
-
Познавање на AUTOCAD
-
Способност за управување со процеси и инвестиции
-
Со работно искуство
КОМПАНИЈАТА НУДИ:
-
Конкурентна плата и можности за професионален развој
-
Регрес (2025 исплатен 49.171,00 денари)
-
Новогодишен бонус (2024 исплатен 30.500,00 денари)
-
Дополнително пензиско осигурување
-
Приватно здравствено осигурување
-
Континуирана обука и можност за напредување
-
Обезбеден топол оброк, oбезбеден превоз
-
Новогодишен подарок за секој вработен
-
Роденденски подарок за секој вработен
-
Чиста и безбедна работна средина според европските стандарди, најдобра ХТЗ опрема
Доколку ги исполнувате условите, имате претходно искуство или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија (CV) на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или лично во просториите на ТАБ МАК, на ул. Македонски револуционери бр.50, Пробиштип, најдоцна до 10.08.2025 година, со назнака за позиција за која се аплицира
Слични огласи »