(преземи го огласот во Word)
Адвокатска канцеларија КИМОВА има потреба од мотивирана, организирана и проактивна личност за пополнување на работната позиција:
OFFICE MANAGER (Канцелариски Менаџер)
За нас:Адвокатската канцеларија КИМОВА има 30 годишно искуство во областа деловното на правото и е посветена на обезбедување на висококвалитетни правни услуги на своите клиенти и поседува тим кој постојано се стреми кон професионалност, етичност и континуиран развој.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (VII/1 степен);
- Солидно познавање на англиски јазик (говорно и писмено);
- Развиени комуникациски вештини (вербални и писмени);
- Одлични организациски способности и вештини за управување со време;
- Способност за работа во тим и самостојно;
- Проактивност, одговорност и посветеност на работните задачи;
- Познавање на работа со компјутери (MS Office пакет);
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност.
Опис на работни задачи и одговорности:
- Организација и координација на секојдневните административни активности во канцеларијата;
- Управување со дојдовна и појдовна пошта (физичка и електронска);
- Прием и насочување на телефонски повици и странки;
- Закажување и организација на состаноци, патувања и други настани;
- Водење на евиденција на состаноци,судски рочишта, водење деловодник, архивирање на документи и предмети;
- Подготовка на дописи, извештаи и друга потребна документација;
- Набавка и грижа за канцелариски материјали и опрема;
- Комуникација со клиенти, судови, институции и други соработници;
- Обезбедување на административна и логистичка поддршка на адвокатите во канцеларијата;
- Други административно-технички работи по налог на адвокатите.
Што нудиме:
- Работа во динамична и професионална средина;
- Редовни месечни примања.
Начин на аплицирање: Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, се покануваат да ја испратат својата Професионална биографија (CV) и Мотивационо писмо на следната електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 04.07.2025 година.
Во насловот на пораката (Subject) ве молиме наведете: „Апликација за Office Manager“.
Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Ви благодариме за интересот.
Адвокатската Канцеларија КИМОВА
www.kimova.com.mk Контакт телефон 02/3132-114 [најави се за да го видиш е-маилот]