
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »За нас
EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.
Техничар во Одделот за Информатички технологии (М/Ж)
Опис на работните задачи
- Инсталирање на Windows ОС и конфигурација на десктоп опрема, видео бимови, дигитални фотоапарати, принтери, фиксен телефон, мобилен телефон, blackberry уред
- Oтстранување и трајно решавање на дефектите на ИКТ опремата самостојно или во соработка со овластените сервисери
- Помош при најава на ИКТ инфраструктура на новите корисници преку далечински пристап или на лице место
- Решавање на поплаки пријавени како проблеми при најава и тековно работење на корисниците во Windows Server околината
- Спроведување на активности за отстранување и трајно решавање или делегирање на проблемите на повисоко ниво поврзани со функционирање на апликациите што се користат во компанијата ( MS Office, SAP, Brics CAD, Power Term, Omnitracker..)
- Решавање на проблеми со најава и тековно работење на корисниците во Билинг системот
- Решавање на поплаки во врска со користење на RSА токени и дигитални сертификати
- Евидентирање на секое корисничко барање/поплака во Ticket-инг системот
- Евидентирање на секоја спроведена промена на ИКТ опремата во базата на податоци за Основни средства
Потребни квалификации и лични карактеристики
- Солидно познавање на Microsoft Windows OS
- Солидно познавање на англиски јазик
- Основно познавање за тековно одржување на десктоп опрема
- Солидно познавање на MS Office
- Високо развиени комуникациски способности
- Доверливост, исполнителност, иницијативност, способност за работа под притисок и кратки рокови, способност за работа во тим
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 02.07.2017 година.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)
Останати огласи »