„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 30 години.
Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте.
Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи. Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме.
Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чивечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!
Поради зголемениот обем на работа имаме потреба од:
Касиери/ки-Продавачи за продажно место Алфи Техноцентар, Куманово
Што ќе правиш?
Вие ќе бидете лицето на нашата компанија;
Ќе ги опслужувате клиентите во продавницата;
Вчитувањето и презентацијата на стоката ќе зависи од вас;
Ќе се грижите за изгледот на производите и чистотата во продавницата;
Ќе учествувате во попис на стоки;
Ќе работите на каса.
Што очекуваме од вас?
Вие сте комуникативни, мотивирани и одговорни;
Сакате да научите повеќе и континуирано да се усовршувате,
Покажувате внимателен, коректен и љубезен однос кон клиентите;
Позитивни и подготвени за тимска работа
Подготвени сте да работите со пари.
Што ви нудиме?
Полно работно време во компанија со можности за развој на кариера;
Безбедност, исправност и исплата на одработеното време до најблиската минута;
Работа во смени;
Платена воведна обука;
Вашето резиме (CV) доставете ни го на [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Касиери/ки - Продавачи (Куманово)“
- Можете да не исконтактирате и на телефонскиот број 075 / 234 732
* Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
* Сите апликации се третираат со доверливост