
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма – М ДООЕЛ
Качанички пат бр.65а, Скопје
www.alma-m.mk
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
објавува ОГЛАС за следната работна позиција:
ТЕХНИЧАР-УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА ЗА ГОСТИВАР-ТЕТОВО-КИЧЕВО-ДЕБАР-М.БРОД
Датум на објава:
1 Април 2021
Рок за пријавување до
8 Април 2021
Број на оглас:
О-210402-МЗ-ТУ
Сектор:
Продажба
Локација:
ГОСТИВАР-ТЕТОВО-КИЧЕВО-ДЕБАР-М.БРОД
Работни задачи:
- Склопување, позиционирање, одржување, расклопување, отстранување, контролирање позиции и чистота на поставени сталажи,
- Читање и изготвување на нацрти на позиции и сталажи,
- Секојдневна посета на продажни места предвидени со дневна рута,
- Запознавање купувачи со асортиман и цена на производи, рекламен материјал, карактеристики и предности, место на изложување, оптимални залихи,
- Пополнување и праќање извештаи во електронска форма (Excel, Power Point),
- Грижа за уредност, правилна употреба и решавање проблеми поврзани со рекламен материјал
- Врши м’рчндајзинг според планограм,
- Имплементација на маркетинг поддршки (летоци, настани, викенд акции...)
- Следи конкуренција и предлага активности за минимизирање на нејзино влијание,
- Исполнување на цели и координација со членови на тим,
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организирана, аналитичена, мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 20.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »