
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Основни задачи и одговорности:
- Анализа на пазарот за параметри релевантни за стратешки одлуки и позиционирање на компанијата на пазарот
- Споредување на процесотна интерни и екстерни нарачки за аптеките на компанија
- Обезбедување на целосна документација за регистрација и увоз на производи
- Воспоставување и одржување на редовна и професионална комуникација со сегашните и идните надворешни соработници
- Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
- Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот.
- Деловна администрација на секторот (комуникација, организација на состаноци, координација)
Посакувани карактеристики:
- ВСС, VII степен на Економски факултет - Е - бизнис претставува предност,
- 1-2 години искуство во областа, анализа на продажба и администрација на продажба
- Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
- Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
Очекувани вештини и способности:
- Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
- Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
- Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
- Професионален и позитивен однос
- Флексибилност за работа во динамична атмосфера
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок
Што нудиме:
- Основна нето плата по договор
- Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на договор за работа
- Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот, Сабота: по потреба
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака „Асистент во сектор Развој“ на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »