
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување за потребите на својот клиент - Маркетинг Агенција објавува оглас за:
ACCOUNT MANAGER
Опис на работните обврски:
- Главна контакт точка помеѓу клиентите и агенцијата
- Разбирање на потребите, целите и бизнис очекувањата на клиентите
- Координација со интерните тимови за навремена и квалитетна испорака на услугите
- Подготовка на понуди, презентации и извештаи за клиентите
- Следење на рокови, буџети и реализација на проектите
- Детектирање на нови можности за соработка и дополнителни услуги за постојните клиенти
Потребни квалификации:
- Работно искуство како Account Manager или слична позиција во маркетинг
- Одлични комуникациски, презентациски и организациски вештини
- Способност за истовремено управување со повеќе проекти и приоритети
- Познавање на маркетинг стратегии, дигитални алатки и платформи
- Познавање на англиски јазик
- Тимски дух и проактивен пристап во решавање на предизвици
Нудиме:
- Плата 50.000 -70.000 денари нето во зависност од искуството
- 2 дена месечно remote работа
- Можност за соработка со домашни и меѓународни брендови
- можни дополниетлни бенефиции ( договор по финално интервју )
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат на копчето за брза апликација или со испраќање на CV на kariera@motivi.mk со назнака Account Manager .
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција и регрутација во склад со законот за заштита на лични податоци.
* Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »