
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »
За вработување кај наш реномиран клиент чија дејност е од областа на трговија со храна, пијалаци и тутун потребен е:
Координатор за логистика
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Контрола на магацинско работење, одговорност и адекватно следење на залихата;
- Изготвување извештаи согласно интерните процедури на компанијата;
- Одговорност за возниот парк, одржување на возила, следење на километража;
- Листа на присутност за вработените во секторот Логистика
- Статус на нарачки.
БАРАМЕ:
- Претходно работно искуство од минимум 2 (две) години;
- Претходното работно искуство во трговија ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на Word, Excel и Outlook;
- Професионалност, педантност, доверливост и исполнителност.
НУДИМЕ:
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот;
- Можност за почеток – Веднаш;
- Вработувањето е со договор на определено време од 3 месеци, со можност за негово продолжување;
- Фер и коректно плаќање.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »