(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување
на Референт во Служба за имот, архива и набавки
во Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува Референт во Служба за имот, архива и набавки.
- Дел од работните задачи на Референт во Служба за имот, архива и набавки се следните:
- Ги собира документите за архивирање, ги испорачува побараните архивирани податоци и го следи нивното враќање;
- Води евиденција и ги архивира сите потпишани договори на ниво на Банката;
- Се грижи за прифаќање и контрола на барањата за купување на средства / потрошен канцелариски материјал, печатен материјал и нивна испорака;
- Ги снабдува единиците на Централата и на Експозитурите со потребната опрема;
- Ја контролира соодветноста на резервите во складиштето на Банката и собира информации од соодветните единици на Банката за нови набавки;
- Ги чува сите печати / штембили, води грижа за нивно производство, повлекување, уништување и евиденција на датумот на престанокот на нивната употреба;
- Ја прима / презема поштата на Банката (надворешна / внатрешна) и навремено ја испорачува на примачите;
- Се грижи за правилната администрација на сета документација во службата;
- Комуницира со единиците на Банката во однос на примање и извршување на барањата за одржување / набавка.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Универзитетска диплома, по можност историчар-архивист;
- Минимум 2 години работно;
- Познавање на англиски јазик;
- Добри организациски и комуникациски вештини;
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака за “Референт во Служба за имот, архива и набавки”, најдоцна до 15.09.2023 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]