Хилл Скопје за својот Клиент, Фармахем – реномирана компанија во областа на трговија со лабораториска опрема и еколошки консалтинг, бара самоиницијативна личност за продажба на високо софистицирана опрема за тестирање цемент, бетон, агрегати, асфалти, геомеханички испитувања, како и опрема за мерење на квалитет на воздух, квалитет на вода, бучава, емисии за позицијата
Стручен соработник
Квалификации:
- Завршено високо образование: Градежен факултет или Машински факултет
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
- Минимум 3 години работно искуство во иста или сродна област
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Одлични комуникациски, преговарачки и интерперсонални вештини
- Високо развиени аналитички и организациски вештини, ориентација за работа во тим, фокусираност и доверливост
Одговорности:
- Организирање и координација на предпродажни и продажни активности
- Развој на продажната мрежа и одржување на контакти со веќе постоечки клиенти
- Преговарање, договарање и водење на евиденција за склучените договори со клиенти
- Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
- Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен
- Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата
Доколку сте заинтересирани за динамична работа, со можности за учење и напредок, Ве молиме испратете ја вашата биографија, со назнака за позицијата најдоцна до 12.10.2018.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.
E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве моломе наведете го тоа во мејлот.