
За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.
повеќе за компанијата »ЦЕРМАТ ДОО има потреба компетентна и високомотивирана личност на работна позиција - Регионален менаџер (Team Leader) за Центар Струмица.
ОСНОВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Организација, управување, усовршување и мотивација на вработените, со цел обезбедување на целосна поддршка и квалитетна услуга на купувачите;
- Стратегиско координирање и менаџирање на дневните активности на вработените;
- Контрола на извршувањето на активностите на комерцијалистите и дистрибутерите на терен;
- Имплементација на тековните и идните планови на компанијата и развивање стратегии во согласност со истите;
- Постојано следење на пазарот и пазарната позиција на компанијата и нејзината конкуренција.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование
- Работно искуство на истата или на слична позиција ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на Winodws и MS Office – пакетот;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Поседување возачка дозвола Б-категорија.
ОЧЕКУВАНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Развиени организациски, лидерски, комуникациски и преговарачки вештини;
- Самоиницијативност и лојалност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија;
- Способност за развивање иновативни стратегиски решенија за комплексни проблеми и нивно извршување;
- Професионален и позитивен однос;
- Способност за тимска работа, како и работа во динамична средина;
- Иницијативност, аналитичност, енергичност и целосна посветеност на работата;
- Организираност, одговорност, доверливост.
Заинтересираните кандидати да испратат CV со слика и мотивационо писмо на следниот email: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 15.12.2017 година.
Останати огласи »