
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следната работна позиција:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
- Прием на странки и нивно упатување;
- Блиска соработка со сметководство и грижа за предметите на клиентите;
- Прием на пошта, архивирање, дистрибуирање;
- Архивирање на излезна пошта, скенирање, копирање;
- Подготовка на документација за АВРМ, пријава/одјава на вработени во АВРМ, и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ;
- Подготовка на документација за ФЗО, пријава/одјава во ФЗО, документи за боледување; следење на предмети, комуникација со вработените;
- Контрола на Декларации и вадење на сини картони, нивна поделба;
- Посета на клиенти, институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен регистар итн.) и достава на документација;
- Испраќање на излезни фактури;
- Подготовка на документи – персонални досиеа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди);
- Подготовка на тендерска документација, учество и следење на јавни набавки;
- Административна подршка во работењето (подготвување и доставување на известувања, барања и сл.).
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено Високо образование;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
- Познавање на пишан и усен Англиски јазик.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Развиени способности за тимска работа;
- Развиени комуникациски вештини;
- Организираност, аналитичност и флексибилност;
- Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
- Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Клиентот нуди можност за напредување и професионално усовршување во рамките на компанијата.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 26/03/2017
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »