
За компанијата: Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. Првата...
повеќе за компанијата »ДППУ ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје е брзо растечка компанија која нуди можност за постојан развој и професионално усовршување на своите вработени.
ТЕХНОМАРКЕТ бара 2 стручни лица за сервис и монтажа на клима уреди со место на вршење на работните задачи во Скопје.
Од кандидатот очекуваме:
- Претходно работно искуство во сервис и монтажа на клими уреди;
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија,
- Способност за работа со временски рокови и подготвеност за работа на висина,
- Поседување на возачка дозвола Б категорија,
- Основно познавање на работа со компјутер,
- Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност,
- Изразена желба за учење и напредување во струката.
Задачи и одговорности:
- Сервис, монтажа и демонтажа на клима уреди,
- Следење, дијагностицирање и остранување на настанати дефекти,
- Точно и редовно следење на работните налози,
- Одржување комуникација со клиентите за временски рокови,
- Континуирано учење.
Што нудиме:
- Работа 40 часа неделно;
- Редовни месечни примања и додатоци согласно Закон и бонуси за успешно работење,
- Обуки и напредок во кариерата
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: Оглас за Сервисер и монтер на клими уреди во Скопје.
Останати огласи »