
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »ЕСИ (Employment Services International) за потребите на водечка Компанија од областа на производство на леб заради зголемен обем на работа, има потреба од:
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН ЗА БРАШНО (Аеродром,Скопје)
Потребни квалификации:
- ССС – Средна стручна спрема;
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност, но не е задолжително;
- Способност за работа под притисок;
- Добра психофизичка подготвеност.
Опис на работните задачи:
- Врши утовар и растовар на стоката во магацинот;
- Врши редење, складирање на производите според работниот распоред, работните процедури и дадените упатства;
- Врши манипулативни работи во магацинот (чистење и транспорт со прирачни средства);
- Се грижи стоката да биде наредена и во исправна состојба на соодветно наменети палети и во соодветна амбалажа;
- Финансиски и материјално е одговорен за суровините, производите и амбалажата;
- Ја одржува хигиената во просториите каде што работи;
- Извршува работи и работни задачи кои произлегуваат од системот за квалитет и безбедност на храна;
- Извршува и други работи и работни задачи по налог на претпоставениот;
- За својата работа одговара пред Главниот магационер и супервизорот за магацин.
Нудиме:
- Време на вработување: на определено време со можност за продолжување;
- Работна недела: 40 часа неделно;
- Работно време од понеделник до сабота по 6часа и 40 минути, со почеток од 07.00 часот наутро.
- Основна нето плата:18.000,00 ден.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
Ќе бидат контактирани сите кандидати, кои ги исполнуваат општите услови за работа.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »