Координатор за бизнис стратегија и операции
Доколку сте аналитична, организирана и проактивна личност со силни комуникациски способности, оваа позиција нуди одлична можност да бидете дел од стратешкото планирање и секојдневните оперативни процеси на компанијата. Како Координатор на бизнис стратегија и операции, ќе имате клучна улога во поддршката на менаџментот, надгледувањето на оперативните активности и реализацијата на развојни иницијативи.
Главни одговорности:
• Поддршка во планирање, следење и имплементација на стратешки проекти и иницијативи
• Анализа на податоци, подготовка на извештаи, презентации и оперативни материјали за менаџментот
• Координација на дневните оперативни активности и усогласеност меѓу тимовите
• Организација и координација на состаноци, работни сесии и деловни настани
• Комуникација со внатрешни и надворешни партнери за поддршка на тековни проекти и операции
• Следење на рокови, приоритети и KPI-и поврзани со стратешки и оперативни процеси
• Архивирање, евиденција и обработка на документи, вклучително и доверливи материјали
• Поддршка во подобрување на интерни процеси, процедури и работни текови
Потребни квалификации и вештини:
• Високо образование (предност: бизнис администрација, економија, менаџмент или сродни области)
• Минимум 2 години искуство на координациска, оперативна или административна позиција
• Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишано и говорно)
• Напредно користење на MS Office (особено Excel и PowerPoint)
• Силни организациски, аналитички и комуникациски способности
• Самостојност, проактивност и ориентација кон резултати
• Внимание на детали и висок степен на доверливост
• Возачка дозвола – Б категорија
Ние нудиме:
• Локација: Велес
• Можност за кариерен раст и професионален развој
• Обуки и активности за јакнење на тимската синергија
• Обезбеден превоз и топол оброк
• Конкурентна плата и бонуси
• Обука, менторирање и редовна евалуација
• Платено колективно осигурување
• Ваучер за склучен брак
• Пакет за новороденче
• Роденденски подарок
• Пакет производи за големите верски празници
• Роденденски подарок за деца до 5 години