Стручен соработник
(медицински претставник)
ЗЕГИН ДОО е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Стручен соработник (медицински претставник) за регионот на Скопје, регион Исток и регион Запад
Потребни квалификации:
- Високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет),
- Пожелно е познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на MS Windows и MS Office,
- Положен возачки испит (Б категорија).
Претходно работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 години и Висока Стручна Спрема ќе се смета за предност.
Потребни вештини и способности:
- Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Претприемачки дух, стручна компетентност
- Справување со работа под притисок, исполнување на таргети.
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Стручен соработник на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.