Мотиви лого

Монтер на мебел

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент МАД Студио, објавува оглас за:

МОНТЕР НА МЕБЕЛ

Опис на работната позиција:
Бараме искусен и прецизен Монтер на мебел кој ќе биде одговорен за монтажа, штелување и финално предавање на мебел по мерка. Идеалниот кандидат/ка има искуство во монтажа на кујнски елементи, плакари, гардеробери, ТВ комоди, комоди, полици, собни врати, огледала, метални конструкции, декоративни панели и лајсни.

Работни задачи:

  • Монтажа на кујнски елементи, гардеробери, комоди, полици, собни врати, огледала и алуминиумски рамки
  • Монтажа на метални конструктивни декорации и декоративни панели
  • Штелување на механизми, шарки и фиоки
  • Монтажа на работни плочи и вградени апарати
  • Монтажа на декоративни и завршни елементи (рачки, лајсни, закачалки)
  • Подесување и штелување на врати и фиоки
  • Проверка на функционалност и исправност на сите механизми и елементи
  • Визуелна контрола на оштетувања, стабилност и нивелација

Потребни квалификации и вештини:

  • Искуство во монтажа на мебел по мерка
  • Способност за читање технички цртежи
  • Работа со професионален алат
  • Прецизност, внимание на детали и решавање проблеми на терен
  • Одговорност и професионален однос кон клиентите

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат преку копчето за брза апликација, да испратат своја професионална биографија на kariera@motivi.mk (со назнака Монтер на мебел), или преку порака на Viber: +389 78 479 313.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци за потребите на оваа селекција, согласно Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот може во секое време да ја повлече својата согласност со испраќање известување на kariera@motivi.mk 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »