Вдл Ван Хоол Македонија Дооел лого

Автолакер/припремач - фарбара

За компанијата:

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851

повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси од Белгија, со годишно произвoдство од околу 1,400 автобуси и 4,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајнирање и создавање на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, со планирано производство на автобуси за светскиот пазар.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

АВТОЛАКЕР/ПРИПРЕМАЧ - ФАРБАРА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Припрема на површината пред фарбање (китирање, стругање и фино китирање)
  • Израмнување на површините на возилото
  • Заштитна изолација пред фарбање, одмастување и одпрашување
  • Големо искуство во користење на сите видови материјали за фарбање
  • Поврзување на инсталацијата со машините за припрема
  • Проверка на материјалите пред одпочнување со китирање (состојба на површината, остранување на сите нечистотии и обезбедување на добра адхезија на китот)
  • Посебно внимание за економично користење на материјали

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Диплома за завршено средно образование – по можност Автолакер
  • Претходно работно искуство од најмалку 2 години на иста позиција
  • Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени времески рокови

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања;
  • Мотивирачка средина каде што вредностите и резултатите се важни;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 25.06.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »