Мермерен Комбинат: Раководител на одделение

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2016
  • ПРОМО
  • Активен до 01.12.2016
  • Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситногрануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудницителоцирани во близината на Прилеп, објавува оглас за работно место:

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ – 1 извршител
Вработен на неопределено време

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • Универзитетска диплома Електро факултет насока: Индустриска електроенергетика и автоматика, Електроенергетика и управување или Електроенергетски уреди
  • Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма,
  • Одлично владеење на компјутерски апликации – MS Office, Internet
  • За предност ќе се смета работно искуство од 3 години во областа (Предност ќе имаат оние кандидати кои имаат работно искуство во одржување)v Возачка дозвола Б категорија

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Планира, организира, учествува и контролира активности за одржување на електричните машини, опрема и постројки. Ја организира и контролира работата на вработените во службата за електро одржување
  • Врши контрола и води евиденција за потрошените материјали и резервни делови и благовремено доставува барања за набавка на неопходни количини.
  • Врши контрола и води евиденција за потрошената електрична енергија за што изготвува и доставува соодветни извештаи.
  • Ги извршува сите административно – технички работи во службата за електро одржување и доставува соодветни извештаи за активностите.
  • Планира и спроведува планско превентивни прегледи на машините, опремата и постројките. Врз основа на резултатите од прегледите организира и спроведува корективни активности. Врши анализа на постоечките технички решенија и предлага одредени конструктивни измени за подобрување на функционирањето на машините и опремата со цел спречување на застои поради дефекти.
  • Ги следи, анализира и подобрува клучните параметри во службата за електро одржување.
  • Bo консултација со Менаџерот на одржување и управување со проекти врши измени и подобрувања на електроопремата.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Комуникативна и стабилна личност со изразени интерперсонални вештини,
  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

Работното време започнува во 06:00 часот и завршува во 14:00 часот. Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа. Извршителот ќе работи во една смена. Компанијата обезбедува основна месечна нето плата во износ од 34. 325, 00 денари со можност за остварување на дополнителен месечен варијабилен дел на плата во максимален нето износ од 5. 038, 00 денари.

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резлутати. Пакетотза наградување е конкурентен!

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија и мотивациско писмо на англиски јазик на емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 01 Декември 2016 година со назнака “апликација за работно место РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ”

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост. Единствено кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Мермерен Комбинат АД Прилеп
Ул. Крушевски пат бб, 7500
Лице за контакт: Марта Дамевска Пуличоска
Тел. +389 48 418 940 локал 113

Доколку сакате да аплицирате, креирајте сметка на KARIERA.mk и кликнете Аплицирај!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »