
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »НОВА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА — МЕНАЏЕР ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
Нашиот клиент, Property One - Real Estate & Development, бара динамична и креативна личност која ќе ги планира, организира и води маркетинг-активностите и ќе се грижи за управување со социјалните медиуми.
Одговорности:
- Подготовка на неделни планови за сите активни социјални мрежи.
- Одржување на естетски уреден, минималистички и визуелно усогласен feed.
- Креирање на содржини: текстови, концепти, идеи и објави (content creation & copywriting).
- Тереснo фотографирање и снимање видеа (по потреба).
- Монтажа, едитирање и подготовка на креативи и видеа.
- Следење и управување со дигитални кампањи (Facebook / Instagram / LinkedIn).
- Организација на настани и подготовка на маркетинг-материјали.
- Координација со други сектори и следење на маркетинг цели.
- Подготовка на презентации и извештаи.
Профил на идеален кандидат:
- Минимум 3 години искуство во дигитален маркетинг.
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Напредни вештини во Canva и CapCut.
- Изразено естетско чувство – минимализам, чист и професионален стил.
- Добри организациски способности и одговорност.
- Способност за работа под притисок во динамична средина.
- Комуникациски и преговарачки вештини.
Што нуди компанијата:
- Креативна, мотивирачка и пријатна работна средина.
- Можности за професионален и личен развој.
- Конкурентна плата + можност за бонуси.
- Платени курсеви и дополнителни обуки.
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
* Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »