Зегин ДОО Скопје лого

Асистент на продажба - Битола

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!

 

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - БИТОЛА

 

За позицијата:

  • Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна

 

Потребни квалификации:

  • Образование: ССС 
  • Познавање на MS Office
  • Познавање на Англиски јазик
  • Комуникативност и преговарачки вештини
  • Трудољубивост и доверливост
  • Мотивација за работа во тим

​​

Главни обврски и одговорности на позицијата:

  • Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури
  • Внесување фактури
  • Ориентираност кон потреби на купувачи
  • Позитивен однос и убедливост во комуникацијата
  • Примена на стандардите за работа
  • Грижа за имиџот на фирмата

 

Што нудиме:

  • Солидни месечни примања + стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата
  • Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“
  • Бенефити за вработени
  • Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки
  • Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет"
  • Можност за професионален развој и надоградба

 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »