
За компанијата: Контура е студио за графички дизајн, кое нуди целосна услуга во областа на: креативниот дизајн, високо квалитетното печатење и професионалната доработка на производите. Создаваме креативни решенија за клиенти од широк опсег на индустрии и деловни субјекти.
повеќе за компанијата »Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.
Поради раст на обемот на работа бараме оператор за дигитално печатење и подготовка на фајлови (press / prepress).
Работни задачи
- работа со машини за дигитално печатење
- проверка и подготовка на материјали за печатење
- основни монтажи и подготовка на печатарски формати
- контрола на квалитет на печат
- координација со дизајн тимот и продукцијата
- подготовка на печатења за доработка.
Што бараме?
- Минимум ССС
- познавање на графичка подготовка и печатење
- искуство со дигитални печатарски машини (предност)
- прецизност и внимание на детали
- способност за работа во динамична средина
- одговорност и тимска работа.
* Познавањето на Adobe Illustrator / Photoshop / Acrobat Pro и подготовка на фајлови за печатење (prepress) ќе се смета за предност, но не е неопходно за пријавување на овој оглас.
Што нудиме?
- работа на разновидни и интересни проекти
- стабилна и пријателска работна средина
- можност за учење и професионален развој
- работа со модерна опрема и материјали.
Местото на извршување на работните обврски е во Скопје, во канцелариите на Контура.
Работно време: 09:00 до 17:00 часот, од понеделник до четврток. Петок: 09:00-14:00
Аплицирај со:
- кратка биографија
- портфолио (или примери од работа)
на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицирате.
Крајниот рок за аплицирање е 16.04.2026.
Сите апликации за работа се третираат со максимална доверливост. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Слични огласи »