
За компанијата: СИГМАТЕЛ Д.О.О. е систем интегратор за комуникациски решенија, со искуство во дизајнирање иновативни мрежни решенија и обезбедување напредни професионални услуги.
На нашите клиенти нудиме решенија за...
повеќе за компанијата »Административен / Персонален Асистент / Сметководител
Опис на работно место:
- Изготвување на нарачки и фактури до и од коминтенти;
- Водење на сметководствена евиденција на друштвото што подразбира: евиденција на влезни и излезни фактури, евиденција на денарски и девизни изводи, евиденција на основни средства, помошна евиденција на побарувања и обврски кон коминтенти, договори за кредит, благајна, вршење на плаќања;
- Изготвување на плати на вработени и нивна евиденција во сметководство;
- Евиденција на залихи – набавки, продажби, пописи и усогласување на сметководствена со фактичка состојба;
- Одговорно лице за контакт со шпедиција,
- Вршење на презентации и продажба,
- Останати дневни и тековни потреби и поддршка на активностите на фирмата;
Потребни квалификации на кандидатот:
- Завршено минимум ССС или ВСС ќе биде предност (Економски, Правен, ИТ);
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на PANTHEON – систем за деловно работење;
- Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
- Амбиција за маркетинг и продажба.
Способности и професионални вештини:
- Одлични организациски вештини и способност за мултитаскинг;
- Одлични комуникациски вештини;
- Вештини за управување со време;
- Способност за тимска работа;
- Познавање на работа со канцелариска опрема (принтер, скенер и сл.);
- Поседување на висока работна етика и способност за управување со доверливи податоци;
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера;
Ние ви нудиме:
- Работат во динамична, модерна и релаксирана средина;
- Можност за дополнително образование и обука;
- Редовно и стимулативно плаќање;
Работно време: Понеделник-Петок , 08.30-16:30 часот
Потребни документи:
- Професионална биографија /СV;
- Поседување на сертификат ќе се смета за предност;
Потребните документи да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] до денот на важност на овој оглас
Слични огласи »