Мотиви лого

Практикант во Корпоративни комуникации - ТАВ - меѓународен аеродром Скопје

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување, за својот клиен TAV Macedonia, објавува оглас за повеќе позиции, вклучувајќи:

Практикант во Корпоративни комуникации

Работни задачи:

  • Анкетирање на патници и други клиенти на Меѓународниот Аеродром Скопје.
  • Анкетирањето се врши преку директен контакт со патниците преку софтверска апликација.
  • Работникот се грижи за технички исправно пополнување на анкетите и има одговорност за нивната валидност.
  • Работникот има обврска да исполни месечни, квартални, полугодишни и годишни квоти, согласно утврдената програма за анкетирање. 
  • Работникот подготвува и анализира извештаи од анкетите, на дневно, месечно, квартално и годишно ниво.
  • Работната позиција подразбира работа во смени на аеродромот, постојано движење низ терминалот и директна комуникација со патниците.

Потребно образование и вештини:

  • Завршено високо образование, но кандидатот може да биде и студент или со завршено средно образование.
  • Течен македонски и течен англиски јазик (вербален и пишан) се задолжителен минимум.
  • Основно познавање на математички операции и работа со податоци, со цел разбирање на планот за анкети, распределување на квотите и следење на правилата за усогласеност на програмата за анкети.
  • Познавање на Microsoft Excel и искуство со програмот ќе се смета за предност. Доколку кандидатот нема познавање од Excel, обука ќе му биде обезбедена.
  • Претходно работно искуство во директна комуникација со луѓе (директна продажба, директна промоција на производи) ќе се смета за предност.
  • Желба за работа со луѓе и желба за учење нови работи, како и способност за брзо снаоѓање во новонастанати ситуации.
  • Комуникативност, динамичност, ведрина, љубезност, трпеливост и тактичност.
  • Познавање на втор странски јазик е предност, но не е неопходно.

На кандидатот ќе му бидат обезбедени:

  • Соодветни обуки за спроведување на анкетите на патници со цел владеење на софтверските апликации, како и подготовка и анализа на извештаи.
  • Соодветни ориентациски обуки за работа во ТАВ Македонија и на Аеродром, како и обуки за здравје и заштита при работа.     

Работни услови:

  • Флексибилно работно време и работа во смени
  • Обезбеден организиран преввоз
  • Обезбеден топол оброк

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mк (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »