
Плата од 23.000 ден. до 25.000 ден.
Оператор на машина за правење етикети и фискални хартија
Колегијална и праведна фирма бара оператор на полуавтоматска машина.
Што може да очекувате?
- машина на која и потребно местење и потоа само набљудување
- работно време од 8 до 16h
- секоја втора сабота е работна
- секој дополнителен час или дополнителен ден како на пример една дополнителна сабота секогаш ќе биде израчуната и исплатена соодветно
Придобивката од оваа работа е што погонот се служи со повеќе машини и работникот има простор цело време да напредува со знаење и нормално со плата ( стартува со 21 000-22 000ден но за 2 месеци согласно неговиот напредок предвидено е да стигне и до 25/26 000 без дополнителни часови)
Напомена: Работникот ќе работи во нови, климатизирани и пријатни простории во текот на целата година
Ние сме компанија која постои на пазарот од 2009 година и која произведува:
-Етикети
-Колор Етикети
-Фискална Хартија
-Хартиени чаши
Наши цели на кои нашата фирма се заснова и целите на кои секојдневно се стремиме се:
-Максимално задоволни вработени
-Максимално задоболни клиенти
-Долготрајни соработки
-Максимален квалитет со најкоректна цена на материјални и услуга
-Брзи испораки во големи обеми
Секој наш вработен и клиент се гледа со големо внимание со тоа што навистина сакаме што подолго да остане мегу нас.
Слични огласи »